Словеника

Дознајте повеќе за нас


-Мисија

Словеника е новооснована издавачка куќа, основана од ентузијасти кои сакаат внесат промени и да им понудат нешто ново на читателите во нашата земја.

-Визија

Нашата визија е да го донесеме најдоброто од светската литература кај нас. Намерата ни е да го издадеме сето тоа што е добро во блиската и далечната литература, а од која било причина не се превело или објавило кај нас. Во тоа особено се вклучени народните литератури, класиците и најдоброто од современата литература од сите земји на светот.

Исто така, насочени сме кон тоа да објавуваме и врвни научни дела од целиот свет. Особен фокус ни се тие што поврзани со нашата култура, јазик и историја, но интерес ни се и ретки и интересни научни дела кои имаат светско значење. Словеника има намера да издава и ретки и стари книги од областа на белетристиката. Освен тоа, издаваме и популарни наслови, главно од ентузијасти кои пишуваат за општествени теми што засегаат наши културни прашања, настани, дејци итн. Словеника издава и сценарија.Конечно, Словеника е заинтересирана и да работи со наши млади автори.

-Историјат

Словеника е на нашиот пазар само две години, и тоа за несреќа тоа се две години на вирусот корона, но сепак успеа да донесе неколку важни наслови, главно класици од различни светски литератури.Во подготовка ни се уште преводи од светски класици и бестселери и научни и популарни изданија од наши автори.

-Тим

Нашиот тим вклучува уредувачки одбор од книжевни и научни ентузијасти и дејци и преведувачи кои си ја сакаат работата и не се експонираат и фалат по социјални мрежи, туку оставаат работата да зборува за нив. Засега и уредувачкиот одбор и преведувачите ни се состојат исклучиво од луѓе со титули и признаени и препознатливи во својата работа.

Словеника

Контакт


Телефон

+389 77 577 887

Пишете ни

slovenikamk@gmail.com

Се вчитува
Твојата порака е пратена. Ви благодарам!